Кошаркарките на Партизан по триумфот над Сплит се упатија кон Валенсија за натпреварот со шпанскиот тим во Евролигата кој ќе биде одигран утревечер со почеток од 20 часот и 30 минути.
Дел од „црно-белата експидиција“ не е Шејк Милтон, скапото засилување кој остана во главниот град на Србија поради инфекцијата на стапалото од која се уште се нема рехабилитирано.
Милтон ги пропушти средбите со Крка, Макаби и Сплит, а и покрај тоа што очекувањата беа дека ќе биде подготвен за настап на оваа средба, тоа нема да биде случајот.
Покрај Милтон, новиот тренер Пењароја нема да смета ниту на Алексеј Покушевски, Карлик Џоунс и Митар Бошњаковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

