Кошаркарите на Партизан со убедлив пораз од 96-81 на гостувањето против Макаби Тел Авив во Израел ја почнаа новата сезона во Евролигата.
Тимот на Жељко Обрадовиќ одигра меч под очекувањата, дозволувајќи им на домашните лесно да дојдат до победата откако ја добија првата четвртина со 27-16, а потоа и со 12 поени предност на полувремето.
Во вториот дел Макаби само рутински ја одржуваше и зголемуваше предноста за конечна победа од 96-81.
Браун беше најдобар кај Макаби со 22 поени и осум асистенции, а Алекса Аврамовиќ беше најдобар кај Партизан со 24 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА