Покрај поразот на гостувањето во Задар, Партизан остана и покус во ротацијата со оглед на тоа што повреди заработија Пи-Џеј Доузер и Алан Смаилагиќ. Очекувањата се дека Американецот ќе биде достапен за следниот натпревар во Евролигата против Болоња, но Жељко Обрадовиќ нема да може да смета на Србинот.
Повредата на зглобот на 23-годишниот крилен центар не е наивна и ќе му биде потребен одмор од најмалку недела дена, пренесуваат српските медиуми.
Покрај Смаилагиќ, Обрадовиќ нема да може да смета ниту на Аврамовиќ и Трифуновиќ, а ниту на новото засилување Џејлен Смит чие деби се очекува по новата година и натпреварот на 2. јануари против Асвел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА