Партизан целосно ја надмина резултатската криза од стартот на евролигашката сезона, а моќта на белградските „црно-бели“ вечерва ја почувствува европскиот првак Панатинаикос, кој настрада со убедливи 91-73 од тимот на Жељко Обрадовиќ. ПАО парираше само едно полувреме, но Партизан фуриозно го заврши овој дел од мечот, со три тројки во низа на капитенот Вања Маринковиќ и на одмор замина со 44-37.
Домаќините на воодушевување на домашните фанови ја отворија третата четвртина со серија од 7-0, стигнувајќи до двоцифрена предност што знаеја како да ја задржат, одиграа перфектен меч и заслужено ја прославија и четвртата победа во низа. Карлик Џонс постигна 18 поени за ПАО, Тајрик Џонс имаше дабл-дабл од 12 поени и 10 скокови, а двоцифрен ефект имаше и Бонга со 13 поени. Кај Панатинаикос најефикасни во овој убедлив пораз беа Слукас со 15 и Лесор со 13 поени.
Жалгирис ја прекина серијата порази со импресивно издание на домашен терен и заслужен триумф над Ефес со 85-72. Вокер беше незапирлив во првата четвртина што Жалгирис ја доби со 27-17, Ефес успеа да се приближи, но Франциско го зададе последниот удар за заслужена победа на литванскиот тим.
Барселона ја прекина црната серија од четири евролигашки проази откако славеше на гостински терен во Белград против Макаби (86-88. Каталонците се вратија од минус десет во третата четвртина (62-52), за во завршницата да се снајдат подобро од своите противници и заслужено да стигнат до победата, воедно и да ја продлабочат кризата на Макаби за кого ова беше четврти пораз на последните пет средби.
Баерн Минхен како домаќин славеше над Басконија со , меч што баварскиот гигант го доби во своја полза со фуриозното второ полувреме на Едвардс, кој постигна 27 поени иако во првите 20 минути воопшто не се запиша меѓу стрелците. Одличен беше и центарот Букер со 18 поени, 5 скокови и 5 асистенции, а на Басконија не и помогна ниту одличното издание на Чима Монеке и неговите 25 поени и 11 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА