Партизан го забележа еден од најтешките дебакли во својата историја откако загуби 41 поен разлика на гостувањето кај Жалгирис во Каунас во последниот натпревар во Евролигата.
Овој пораз ја отсликува тешката сезона која ја има белградскиот кошаркарски гигант. Поразот тешко го коментираше и поранешниот капитен на „црно-белите“ Мирослав Бериќ.
„По натпреварот со Виртус кажав ека ова е крај на сезоната на Партизан во Евролигата. Многумина го протуачија тоа како престрого бидејќи поминавме само третина од сезонта. Меѓутоа веќе во второто полувреме со Виртус беше јасно дека немаме што да баравме во Каунас. Според говорот на телото на играчите на Партизан беше се јасно. Ова не личи на ништо… Едноставно во овој момент Партизан делува како банда“, изјави Бериќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

