Кошаркарскиот клуб Партизан ќе остане без посакувано засилување од лето бидејќи шансите Чима Монеке да се пресели од Басконија во Белград се сведени на минимум.
Најголема пречка за ангажман на нигерискиот кошаркар е обесшетувањето од милион и пол евра кое го бара Басконија за заинтересираните клубови да преговараат со нивниот кошаркар, сума која е преголема кога станува збор европската кошарка.
Монека го негува статусот на апсолутна ѕвезда во шпанскиот клуб, а отежнувачка околност е и ангажманот на Пабло Ласо на клупата на Басконија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА