Партизан доби нови лоши вести за Џабари Паркер

Партизан се обидува да се ослободи од пребогатиот договор не незадоволниот Џабари Паркер, но сите обиди за негово заминување од Белград продолжуваат да бидат неуспешни.

Шпанските медиуми на кратко ги израдуваа навивачите на Партизан со информација дека Хувентуд е заинтересиран за негов ангажман, но гласините набрзо беа негирани оставајќи ги проблемите на „црно-белите“. На крајот излезе дека крилниот кошаркар самиот се понудил на тимот од Бадалона, но експресно бил одбиен, па речиси сигурно е дека тој ќе ја доврши сезоната во Партизан, иако воопшто не е дел од плановите на тренерот Пењароја.

Паркер има договор од 2.5 милиони евра со Партизан и тој е важечки и за следната сезона па јасно е дека клубот кој ќе го посака проблематичниот Американец ќе треба и да издвои големи финасии.

Единствена опција која се јавува е негов премин во Кина каде кошаркарите од негов профил се атрактивни за публиката.

Се вчитува...