Кошаркарскиот клуб Партизан во новата сезона ќе атакува на секој трофеј, а во тоа ќе ја има помошта од Балша Копривица. Младиот Србин во Белград доаѓа откако беше одбран како 57. пик на овогодишниот драфт од страна на Детроит Пистонс.
Дваесетиедно годишникот кој е висок 216 сантиметри е осми играч кој оваа претсезона ги засили „црно-белите“ по Јам Мадар, Зек Ледеј, Родион Курукс, Кевин Пантер, Ален Смаилагиќ, Алекса Аврамовиќ и Длас Мура.
IT’S OFFICIAL: @balsa_koprivica returned to @PartizanBC! Welcome to #ABALiga!
More at: https://t.co/biCJWbpiyY pic.twitter.com/3BkPau4laK
— ABA Liga (@ABA_League) August 23, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА