Партизан доби забрана за трансфери до 2026 година

Српскиот фудбалски великан Партизан доби казна од ФИФА за регистрација на нови играчи до крајот на 2025 година. Оваа одлука е донесена поради неплатени обврски и долгови кон играчите.

Како што пренесува српски „Спортклуб“, најверојатно во прашање се обврските на клубот кон Јапонецот Такуми Асано. Во конечната пресуда, Судот за спортска арбитража во Лозана го потврди долгот и му наложи на Партизан да го исплати јапонскиот интернационалец и трошоците за постапката. Претходно ФИФА пресуди дека станува збор за сума од околу 460.000 евра.

Во минатото Партизан имаше проблеми со договорот на Филип Холандер, но потоа брзо беше решен и „црно-белите“ успеаја да избегнат суспензија. „Црно-белите“ го загубија спорот и со Немања Јовиќ во Лозана, на кого сега се обврзани да му ги исплатат парите.

Се вчитува...