Кошаркарскиот клуб Партизан по сезоната за заборав во која не успеа да освои ниту еден трофеј направи целосен ремонт на тимот. „Црно-белите“ имаат 11 нови кошаркари, а огромна е веројатноста дека дванаесеттиот ќе биде Србин и ќе го засили белградскиот евролигаш од НБА лигата.
Станува збор за српскиот репрезентативец Алексеј Покушевски кој дел од летото го помина со репрезентацијата на нашиот северен сосед, но не избори место во тимот кој освои сребро на ЛОИ во Париз.
Покушевски ги покрива крилните позиции, имаа 22 години и се очекува да има клучна улога во тимот на Жељко Обрадовиќ во новата сезона. Тој во Белград се враќа со богато искуство откако претходно настапуваше за Оклахома и Шарлот, а пред преминот во НБА беше дел и од Олимпијакос.
Партизан и Покушевски преговараа уште од месец јули. Целта на младиот кошаркар беше да добие договор со некоја НБА екипа, но сега е пред официјализација како нов кошаркар на „црно-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА