Партизан добива неочекувано засилување од „Џи-лига“ (ВИДЕО)

Со заминувањето на Брендон Дејвис и Балша Копривица стана јасно дека на Партизан ќе му требаат дополнителни засилување во ректот. Српскиот евролигаш ги промовираше Џабари Паркер и Дилан Осетковски, но овие двајца нема да биде единствените засилување.

Очекувањата се дека наскоро потпис со „црно-белите“ ќе стави и Оскар Шибвеј кој неочекувано ќе го засили белградскиот тим и тоа од развојната лига на НБА.

Станува збор за 25-годишен физички доминантен центар висок 203 сантиметри кој со успех настапуваше за Универзитетите Вест Вирџинија и Кентаки, но не беше одбран на драфтот во 2023 година. Сепак успеа да се пробие до НБА лигата и да одигра вкупно 22 натпревари, добивајќи шанса во Индијана и Јута, но помина поголем дел во развојната „Џи-лига“ каде воедно беше и одбран за руки на годината.

 

Се вчитува...