Партизан добива огромни засилувања пред средбата против Панатинаикос?

Единаесеттото коло од Евролигата носи дерби натпревар во Белград каде Партизан во пречекува Панатинаикос утревечер од 20 часот и 45 минути. А, за истот „црно-белите“ можат да добијат големи засилувања.

Не станува збор за нови ангажмани, туку за враќање на повредените Кевин Пантер и Алекса Аврамовиќ. Капитенот на Партизан е подолго време надвор од терените по повредата на задната ложа на средбата против Црвена Звезда, додека српскиот репрезентативец пропушти неколку натпревари поради скршеница на носот здобиена на средбата против Цедевита Олимпија.

Партизан во Евролигата има биланс од четири победи и шест порази со што е надвор од местата кои водат во разигрувањето па секој следен натпревар за избраниците на Жељко Обрадовиќ е „да се биде или не“. Но, и покрај тоа одлуката дали овие двајца ќе настапат на средбата против грчкиот гигант ќе дојде пред самата средба.

Се вчитува...