Партизан додека денеска во 13 часот ја чека разврската за Обрадовиќ, доби казна поради Милош Обилиќ

Евролигата ги објави најновите дисциплински одлуки во кои и Партизан е меѓу казнетите за ситуацијата за време на натпреварот со Фенербахче во 12. коло од Евролигата во белградската „Арена“.

Партизан беше казнет со 40.000 евра, како и условна мерка за намалување на капацитетот на салата на 80% за еден домашен натпревар, со затворање на одредени сектори. Оваа мерка е условна за сезоната 2025/26 и автоматски ќе се активира доколку Партизан повторно го прекрши членот 29.1.ф од дисциплинските прописи.

Главната причина за казната е серија навивачки инциденти, објави Евролигата, а јасно е дека тука спаѓа и големиот транспарент на кој беше прикажана смртта на султанот Мурат I од рацете на Милош Обилиќ.

Во меѓувреме, главниот фокус на партизановите навивачи денеска, во секој случај, е разврската околу статусот на тренерот Жељко Обрадовиќ во клубот. Денеска ќе биде познато дали Обрадовиќ ќе ги прифати бројните барања од навивачите и партизановите поддржувачи, сепак, да ја повлече оставката и да остане во клубот.

Се вчитува...