Додека се очекува официјалниот почеток на зимскиот преоден рок Партизан успеа да направи голема заработка продавајќи го својот млад голгетер Андреј Костиќ во Милан.
Станува збор за 18-годишник кој важи за голем талент и затоа е и мета на еден од најголемите клубови во светот кој за неговите услуги ќе издвои пет милиони евра.
„Црно-белите“ добро ќе заработат од трансферот со оглед на тоа што тој пристигна во Белград пред само неколку месеци и тоа за неполн милион евра од Будуќнот.
На Партизан ќе му следат и 10 отсто од следниот трансфер на голгетерот кој во Италија е споредуван со Душан Влаховиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

