Кубанскиот техничар Рикардо Калво Манцано е ново засилување на ОК Партизан, потврдија од клубот на социјалните мрежи.
На пошироката светска јавност и е познат како еден од петте кубански репрезентативци кои во Тампере во 2016 година за време на Светската лига во тој фински град силувале девојка во хотелот во кој престојувале.
„Големо засилување пред крајот на сезоната и борбата за одбрана на титулата! Кубанскиот репрезентативец Рикардо Калво Манзано се приклучи на црно-белиот тим! Му посакуваме добредојде“, стои во соопштението од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА