Партизан ја продолжи серијата импресивни настапи во Евролигата, славејќи на гостувањето во Каунас против Жалгирис со резултат 85-93, за четврта победа во низа и искачување на скор 8-6. Ова значеше и продолжување на серијата одлични резултати на тимот на Жељко Обрадовиќ против литванскиот состав, откако „црно-белите“ славеа двоцифрено на последните три пресметки со овој ривал, а денеска исто така имаа убедлива предност во речиси целиот натпревар.
Прецизниот шут од далечина беше заштитен знак на Партизан во првото полувреме во кое „црно-белите“ поведоа со 46-58. Жалгирис на стартот од второто полувреме ја преполови негативата, но Ледеј погоди неколку важни шутеви, Партизан ја врати самодовербата во нападот и лесно го контролираше резултатот до самиот крај, за Жалгирис во последните секунди да ја спушти разликата под десет поени.
Пантер беше предводник на Партизан со 22 постигнати поени, Доужер имаше 16 поени, 7 скока и 4 асистенции, додека во таборот на Жалгирис фантастичен беше Еванс со 33 поени, недоволно за да се стигне до триумф против одличниот состав на АБА-шампионот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА