Легендарниот Жељко Обрадовиќ го напушти Партизан. По тешките ‘удари4 од раководството и поткопувањето од страна на одредени играчи, Жоц реши да си замине по четири и пол години соработка.
Навивачите на Партизан се бесни на раководството на клубот. Тоа јасно го покажаа на натпреварот против Баерн во Евролигата и не сакаат друг тренер освен Обрадовиќ.
Сепак, веќе е јасно дека Обрадовиќ е минато. Клубот бара нов тренер, а самиот Жељко наводно веќе има понуди за продолжување на кариерата.
65-годишниот стручњак би можел да се врати во Грција, каде што работеше со години и каде што го стекна статусот на икона на Панатинаикос. Сега би можел да стане ривал на атинските зелени.
ПАОН и Арис наводно се подготвени да го ангажираат. Двата клуба влегуваат во фаза на големи инвестиции од следната сезона и планираат огромни потписи за враќање во врвот на грчката и европската кошарка.
Тие го гледаат Обрадовиќ како оригинален креатор на проектот. Неговото доведување би покажало големи амбиции и би било мамка за големи кошаркарски имиња.
ПАОК и Арис започнуваат борба за потписот на Жељко Обрадовиќ. Неговиот ангажман е означен како приоритет, па би можеле повторно да го видиме познатиот тренер во Грција.
Тој го водеше Панатинаикос од 1999 до 2012 година. Таму изгради статус на еден од најдобрите тренери во Европа. Пет пати Обрадовиќ ја освои Евролигата со Панатинаикос, 11 пати беше шампион на Грција и седум пати победник на Купот. Тој е апсолутна икона во атинскиот клуб.
Легендарниот тренер ја започна својата кариера во Партизан, кој го водеше до трофејот на најдобриот тим во Европа во 1992 година. Потоа ги водеше Ховентуд, Реал Мадрид, Бенетон и Фенербахче. Беше селектор на Србија и Црна Гора и Југославија.
Арис ја чека титулата во Грција од 1991 година, а последниот трофеј во домашното натпреварување го освои во 2004 година, кога го освои Купот. ПАОК ја освои последната титула во 1992 година, а стана победник на Купот на Грција во 1999 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

