Сашо Филиповски се наоѓа пред отказ во Партизан откако словенечкиот стратег со македонски корени не само што не успеа да ги разбуди „црно-белите“ од големата криза, туку и уште повеќе го закопа овој тим, кој делува целосно безидејно и неорганизирано.
Вечерашниот пораз од Цибона беше шести во низа во АБА-лигата, сите шанси за пласман во плејофот во регионалното натпреварување веќе се загубени, а слабите резултати се пренесоа и во Еврокупот. Филиповски на прес-конференцијата по неуспехот во Белград против Цибона најави дека ова би можел да биде и негов последен меч како предводник на „црно-белите“.
„Ќе преспијам и утре ќе седнам да разговарам со луѓето од клубот, да видиме дали е можно да се најде некое решение. Едно е сигурно, оваа ситуација не е добра ниту за мене ниту за клубот“, истакна Филиповски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА