Партизан е жестоко казнет од УЕФА: Затворање на дел од стадионот и тешка парична казна

Белградски Партизан е жестоко казнет од УЕФА поради недолично однесување на навивачите на натпреварите со украинската Олександрија и шкотскиот Хибернијан во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Белграѓани ќе мора да платат неверојатни 100.000 евра, а на следниот домашен натпревар во Европа ќе мора да ја затворат Источната трибина која е со вкупно 10.000 седишта.

Како што информира Дисциплинската комисија на УЕФА, казната е поради фрлање тврди предмети на терен, палење факли, користење ласери, но и расистичко и дискриминаторско однесување на дел од навивачите.

Партизан е пред елиминација во Конференциската лига по поразот од 0-2 на домашен терен од Хибернијан, па ако оваа сезона немаат нов домашен натпревар во Европа тогаш казната со затворање на трибината би била за некоја од следните сезони.

Се вчитува...