Партизан ги отвори вратите за фановите на Црвена Звезда за вечното дерби

Првото вечно српско кошаркарско дерби во Евролигата помеѓу Партизан и Црвена Зевзда ќе биде одиграни на 12. декември, а во салата ќе присуствуваат навивачите и на двата тима, пренесуваат медиумите на северниот сосед.

Партизан се одлучи на потег кој наиде на голема пофалба, да ги отвори вратите за илјада навивачи на вечниот ривал со цел одлична атмосфера во главниот град на Србија.

Дерби натпреварите помеѓу овие два тима привлекуваат огромно внимание па до билет ќе можат да стигнат само фановите кои се официјални членови.

Се вчитува...