Макаби успеа да осигура уште еден значаен потпис откако израелскиот гигант денеска потпиша нов договор со Џош Нибо, 26-годишниот американски центар кој и во следната сезона ќе остане во Тел Авив.
Нибо се наоѓаше на врвот на листата со желби на Жељко Обрадовиќ за Партизан, откако „црно-белите“ останаа без Лесор и сакаа да го ангажираат токму овој кошаркар. Сепак, понудата на Макаби беше поисплатлива од финансиски аспект, по што Нибо денеска потпиша нов договор со својот лански клуб.
Американскиот центар ланската сезона имаше просек од 7,3 поени и 6,1 скокови по натпревар во Евролигата.
Пред Нибо, Макаби успеа да ги задржи и Браун, Болдвин, Колсон, Коен и Дибартоломео, а како нови засилувања досега пристигнаа Џејмс Вен и Тамир Блат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА