Партизан го боцна големиот ривал: Само полесен тренинг (ФОТО)

Кошаркарите на Партизан стигнаа и до шестата победа во низа во Евролигата сезонава откако вечерва во вечното дерби славеа на гостински терен кај Црвена звезда со 82-89 во меч од 35. коло.

Ова беше шести последователен триумф на тимот на Џоан Пењароја во Евролигата, па Партизан објави фотографија со пет букви „W“, кои симболизираат победа („win“ на англиски).

Но, на крајот стои и едно „Т“, кое се наоѓа веднаш до грбот на Црвена Ѕвезда. Погоре е наведено дека „Т“ означува тренинг.

Се вчитува...