Партизан го мачат повреди пред двојното коло во Евролигата

Партизан не успеа да донесе вистински засилувања за заминатите Данте Ексум и Матијас Лесор па се мачи во новата сезона. Тимот предводен од Жељко Обрадовиќ е на скор 5-6 и во двојното коло во Евролигата го очекуваат два важни натпревари против Монако и Милано на кои српскиот стратег нема да може да смета на два кошаркари.

Тоа се Урош Трифуновиќ и Френк Камински, откри Обрадовиќ на денешната пресконференција за медиуми.

„Имаме доста проблеми уште пред натпреварот во Железник. Трифуновиќ и Камински повторно нема да бидат во тимот“, изјави српскиот стратег.

Добра вест за Партизан сепак е камбекот на капитенот Кевин Пантер кој веќе имаше и клучна улога во победата на „црно-белите“ во последниот евролигашки натпревар против Панатинаикос.

Се вчитува...