Се ближи најинтересниот дел од Евролигата, но клубовите паралелно со тоа ги кројат и плановите за трансфери за наредната натпреварувачка сезона. Партизан најавува сериозен буџет и за 2024/25, а меѓу најзвучните имиња кои се поврзуваат со преселба во тимот на Жељко Обрадовиќ е Ајзеа Кенан.
Американецот игра во извонредна форма во дресот на Олимпијакос и важи за еден од најдобрите шутери за три поени во Евролигата. Бројките од 12,7 поени и 1,2 скокови по натпревар иако нема преголема минутажа доволно говорат за формата на Кенан, чии квалитети дефинитивно би биле добредојдени во екипата што ја предводи Жељко Обрадовиќ.
Договорот на американскиот бек со Олимпијакос истекува на крајот од сезонава, па тој ќе може без никаква отштета да си замине од клубот. Грчките медиуми најавувааат дека се мали шансите Кенан да потпише нов договор со Олимпијакос, а Партизан е еден од најзагреаните клубови за трансфер, заедно со Панатинаикос и Виртус Болоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА