Партизан го најде лекот за Црвена Звезда во АБА

Партизан конечно ја прекина серијата порази од Црвена Звезда во АБА-лигата откако „црно-белите“ славеа во вечерашниот дерби дуел со 95-77. Во меч во кој и двата тима имаа грешки во нападот, Партизан во своите редови го имаше Стерлинг Браун, кој погоди важни тројки во последната четвртина и му ја донесе победата на тимот на Жељко Обрадовиќ. Црвена Звезда имаше 11 победи на последните 12 дуели со Партизан, но „црно-белите“ вечерва беа на висина на задачата и заслужено стигнаа до триумф.

Првата четвртина мина во израмнета борба и заврши со 18-18, за Партизан прв да се одлепи и на одмор да замине со предност од 39-32. „Црно-белите“ имаа плус десет во третиот период (48-38), но гостите експресно се вратија, па за момент дури и поведоа. Во последната четвртина се влезе со минимални 57-56 по забивањето на Дејвис, по што се продолжи со израмнета игра до неколку минути пред крајот. Промашените слободни фрлања повторно скапо ги чинеа „црвено-белите“, на спротивната страна Браун влезе во шутерски ритам и му ја донесе победата на домашниот состав.

Стерлинг Браун со 24 поени беше најефикасен во победничкиот тим, Тајрик Џонс имаше 14 поени, додека први стрелци на Црвена Звезда беа Недовиќ и Петрушев со по 19 поени,

Партизан со оваа победа се врати на второто место во табелата, додека Црвена Звезда со најновиот пораз и дефинитивно ќе го заврши регуларниот дел од сезоната на четвртата позиција.

Се вчитува...