Партизан го потпишува и НБА-кошаркарот што го бараше Обрадовиќ

Партизан ќе го промовира Жоан Пењароја за нов тренер, но тоа нема да биде единствената новост од таборот на „црно-белите“.

Се планира и големо засилување за играчкиот кадар, а српските медиуми информираат дека веќе е постигнат договор за пристигнување на Камерон Пејн, 31-годишниот ас од НБА-лигата кој ќе остане меѓу „црно-белите“ до крајот на оваа сезона.

Пејн беше голема желба и на екс-тренерот Жељко Обрадовиќ, но управата тогаш не успеа да најде заеднички јазик и како решение за кризата на плејмејкерската позиција го доведе Ник Калатес.

Откако Гркот се покажа како големо промашување, „црно-белите“ повторно седнаа на маса и се договорија со Пејн, кој според неофицијалните информации ќе заработи 900.000 евра во Белград до крајот на оваа сезона.

Се вчитува...