Партизан го прегази Дубаи во првиот меч од полуфиналната серија во АБА

Кошаркарите на Партизан поведоа со 1-0 против Дубаи во полуфиналната серија во АБА лигата, откако вечерва на домашен терен го прегазија противникот со убедливи 102-72.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ тргнаа силно уште од самиот почеток, па веќе по десет минути игра имаа плус осум 28-20. Во вториот дел таа разлика само се зголемуваше, а по 20 минути игра на семафорот стоеше 53-33.

Каде што застанаа во првиот дел „црно-белите“ таму продолжија во вториот, а по три четвртини имаа и плус 30 (85-55). До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 102-72. Стерлинг Браун со 21 поен беше прво име кај победникот, додека кај поразените Бертанс заврши со 17 поени.

 

 

Се вчитува...