Бранителот на трофејот во АБА лигата, Партизан го забележа 12 триумф во сезоната откако славаше на гостувањето кај Цибона со 74-87. Српскиот евролигаш важеше за фаворит на оваа средба и покрај тоа што во составот ги немаше Нанали и Доузер, но до победата дојде со добрата игра во третата четвртина.
Мотивираниот хрватски тим се покажа како достоен противник во првото полувреме. По првата четвртина имаше предност од 25-20, но белградскиот тим успеа да поведе во втората четвртина, а потоа и преку Јарамаз да стигне до предност од 38-40 на полувремето.
Пресудна за натпреварот беше третата четвртина во која Партизан беше подобар противник на двата дела од теренот па стигна до двоцифрена предност (51-61), предност која беше преголем залак за „Цибоси“ и покрај тоа што тимот предводен од Репеша успеа да ја врати едноцифрената негатива во неколку наврати во последните десет минути.
Аранитовиќ со 17 поени и 8 асистенции беше лидер на Цибона, додека со 17 поени и 4 скокови Партизан го предводеше Андушиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА