Партизан го преживеа „пеколот“ во Клуж и победи во АБА-лигата

Како гости кошаркарите на Партизан славеа против романски Клуж со резултат од 92-85 во деветтото коло од АБА лигата.

Партизан со тоа го одигра првиот натпревар по четири и пол години во АБА лигата без Жељко Обрадовиќ на клупата.

Натпреварот започна десет минути доцна, поради кореографијата на локалните навивачи. Во салата, која беше доволно мала за да ги собере сите навивачи кои сакаа да го гледаат дуелот на два тима со иста боја на дресови, Партизан успеа да го преживее „пеколот“ и на крај да слави иако лошо го почна дуелот.

На крајот Бонга со 21 поен беше најефикасен во победата на црно-белите, а Вашингтон запиша 19 поени. Кај домашните Гузман заврши со 20 поени.

Се вчитува...