Партизан е на добар пат да реши дел од големите финансиски проблеми со кои се соочува со продажба на својот најнов „бисер“, Андреј Костиќ во редовите на италијанскиот гигант Милан.
Весникот „Газета дело спорт“ прв објави за сериозниот интерес на „росонерите“ , а информацијата денеска ја потврди и Фабрицио Романо. Според „специјалистот за трансфери“, Костиќ веќе ги договорил личните услови со италијанскиот гигант, а во завршна фаза се и преговорите меѓу клубовите.
Вкупната вредност на трансферот ќе изнесува околу пет милиони евра, од кои половина ќе бидат загарантирани, а половина ќе зависат од тоа дали Костиќ ќе се наметне за да заигра во дресот на Милан.
Речиси сигурно е дека младиот голгетер и во случај на потпис ќе остане во Партизан, на позајмица до крајот на сезонава, како значаен адут на „црно-белите“ во трката за шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

