Без некоја неизвеност се одиграа шест натпревари во кошаркарската Евролига. Српските клубови имаа половичен успех, додека сигурни победи забележаа Барселона и Валенсија над Макаби, односно над Баерн. Зачудува лесниот триумф на Олимпијакос на „жешкиот терен“ во Истанбул против Фенербахле, додека Милано беше подобар од Басконија.
Олимпијакос со одличниот прв дел, го урна Фенербахче на негов терен. Катастрофалната прва четвртина на Фенер беше клучна, откако грчкиот тим се оддалечи на +14, а потоа на полувремето и со +21 поен разлика. Не беше ништо поинаку и во третиот период кој исто така го добија гостите, за на крајот да попуштат и Фенер само да намали од разликата. Најефикасен беше Гудуриќ со 24 поени кај Фенер, додека Папаниколау со 21 кај Олимпијакос.
Најнеизвесно беше на дуелот Милано – Басконија, дуел кој го доби Милано со 89-83. Двата тима се менуваа во водство, за на крајот поконцентрирани да бидат домашните и да дојдат до триумфот.
Барселона благодарение на одличната четврта четвртина, успеаја да го скршат отпорот на Макаби, и да го совладаат со 83-78. Псоелдниот период Барса до доби со 10 поени предност, што беше клучно за победата.
Партизан со убедливи 92-71 го совлада тимот на Лион. Белградските „црно-бели“ беа одлични во првите три четвртини кога направија разлика, а потоа последната ја загубија. Во еден миг Партизан имаше предност и од 29 разлика. Пантер со 17 поени беше најефикасен.
Валенсија успеа да го совлада тимот на Баерн со 82-73, а Црвена Звезда е поразена на гостувањето кај Болоња. Белградските „црвено-бели“ лошо влегоа во мечот и ја загубија првата четвртина со 16 разлика, што потоа беше тешко да се вратат во игра за да го избегнат поразот. На крајот триумф на Виртус Болоња ос 84-72, иако во еден миг домашниот тим имаше предност од 19 поени разлика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА