Белградски Партизан во зимскиот преоден рок е пред добивање големо засилување во името на поранешниот српски репрезентативец Адем Љајиќ.
Љајиќ повторно би се вратил во Партизан каде уште како 14-годишник токму во црно-белиот дрес се стекна со репутација на еден од најталентираните фудбалери во Европа. За црно-белите дебитираше како тинејџер во 2008 година, а веќе следната година го привлече вниманието на големиот Сер Алекс Фергусон, кој го доведе во Манчестер Јунајтед на проба и една година тренираше со првиот тим.
Но, поради проблеми со работната дозвола, трансферот пропадна. По две години поминати во Партизан, тој се пресели во италијанска Фиорентина и започна интернационална кариера.
Подоцна играше за Рома, Интер, Торино, Бешикташ, а во Хумска би требало да се врати по одличната година во родниот Нови Пазар каде настапуваше од јуни 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

