Саво Милошевиќ повторно се враќа на клупата на Партизан, пренесуваат српските медиуми.
Милошевиќ, кој во 2020 година беше заменет токму од Александар Станојевиќ, сега се спомнува како главна желба на раководството на црно-белите. По денешната оставка на Станојевиќ, Саво Милошевиќ денеска е виден на стадионот на Партизан во разговори со челниците на клубот.
Повикот за Милошевиќ воопшто не е некое изненадување ако се знее дека Ивица Илиев, кој е повратник на позицијата спортски директор во клубот, одлично соработуваше со Саво, а во една прилика во 2022 година се обиде и да го врати.
Тогаш Милошевиќ, најпрво се согласил да се врати, но следниот ден се предомислил поради што се замери со пооделни клупски функционери, пред се претседателот на клубот Милорад Вучелиќ. А во тие поделби во табори, тогаш и Ивица Илиев си поднесе оставка. Сега, се се враќа од почеток…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА