Партизан и два евролигаши водат жестока битка за ангажман на Американец

Партизан, Макаби Тел Авив и Фенербахче водат жестока битка за ангажман на американскиот кошаркар со богато НБА искуство, Џеф Даутин Џуниор, пренесуваат израелските медиуми.

Станува збор за 28 годишен бек висок 191 сантиметар кој во текот на кариерата настапуваше за Голден Стејт, Миловски, Орландо, Торонто и Филаделфија, но помина и долго време во развојната НБА лига.

Доколку избере еден од овие три евролигаши тоа ќе биде негов прв предизвик во Европа.

Се вчитува...