Партизан и официјално се збогуваше со Брендон Дејвис

Денеска Партизан го официјализираше раскинувањето на соработката со Брендон Дејвис. Дејвис беше една година дел од Партизан, со кого ја освои шампионската титула и трофејот во АБА лигата.

Изненадувачки е тоа што Дејвис ќе се пресели во првенството на Јапонија, односно во дресот на Токи Алварк. Со нив потпиша двегодишен договор вреден три милиони долари.

„По една година и сезона обележана со шампионската титула, Брендон Дејвис ги напушта редовите на Партизан. Вицекапитенот од сезоната 2024/25 ќе ја продолжи кариерата во друг клуб! Брендон, твоето црно-бело семејство ти посакува многу среќа и успех во иднина.“, стои во објава на белградските „црно-бели“.

Се вчитува...