Партизан и Панатинаикос се селат на друг континент

Овогодишното издание на популарниот меморијален турнир „Павлос Јанакопулос“ во чест на поранешниот претседател на Панатинаикос ќе биде одржано во септември во Австралија, официјално потврди организаторот од Атина.

Покрај грчкиот тим учество ќе земе и Партизан, како и два австралиски клубови – Сиднеј и Аделејд. Натпреварите ќе бидат одиграни во Мелбурн и Сиднеј од 18. до 22. септември.

„Ова е неверојатен момент за НБЛ и кошаркарските фанови во Австралија. Да се натпреваруваат два од најголемите европски тима на турнир од ваков калибар, заедно со два од најголемите австралиски клуба, е одраз на репутацијата што НБЛ ја стекнува на глобално ниво, но исто така го нагласува растечкиот интерес што Австралијците го имаат за играта“, изјави директорот на Австралиската кошаркарска лига, Никола Миливојевиќ.

Се вчитува...