Партизан и Пао ќе се воигруваат во Австралија, познати се и датумите

Најавената соработка помеѓу Партизан и Панатинаикос од страна на претседателот на српскиот евролигаш, Остоја Милојевиќ на новогодишниот коктел полека почнува да се остварува.

И покрај противењето од страна на „црно-белите“ навивачи кои за „вистински пријатели“ ги гледаат Москва и Солун, а не Атина, Партизан и Панатинаикос првата голема соработка ќе ја имаат со меѓусебен натпревар во Австралија, место каде што се очекува да се соберат големи финансиски приходи.

Партизан и Панатинаикос ќе одиграат пријателски натпревар на турнирот „Павлос Јанакопулос“ кој за прв пат ќе биде одржан на овој континент како дел од подготовките за сезоната 2025/26. Потврдено е дека турнирот ќе биде одигран од 18 до 22 септември, а останува отворено прашањето дали ќе биде во Мелбрун или во Сиднеј.

Се вчитува...