„Партизан и Ц. Звезда да заборават на А лиценца за Евролигата – но, ако се делат…“

Доколку Евролигата се проширува, а за тоа активно се разговара, таа одлука нема да повлекува лиценци за тимови надвор од сопственичката структура на лигата.

Како што информираше извршниот директор на Евролигата, Паулиус Мотиејунас, А-лиценци ќе се доделуваат само на клубовите сопственици со сигурност, а за другите клубови дополнително ќе се одлучува.

„Комплицирано е да се разговара за А-лиценците во овој момент. Имаме 13 клубови косопственици во лигата и, и покрај тоа што Париз и другите сакаат да обезбедат А-лиценца прерано е да се донесе таква одлука“ – вели Мотиејунас.

Сепак, Мотиејунас најавувде дека доколку дојде до поделба на А-лиценците тогаш, Партизан и Црвена Звезда би биле во предност поради атмосферата на нивните натпревари во Белград.

„Што се однесува до српските клубови, постојат одредени отежнувачки околности, но нивната навивачка култура и атмосфера се неспоредливи во Европа. Сите сакаат да видат таква енергија во Евролигата. Секогаш сме имале приоритет на тие тимови затоа што нивниот придонес во идентитетот на лигата е неизмерен“ – заклучи Мотиејунас.

Се вчитува...