Партизан и Ц. Звезда одиграа феноменален меч, но капитените се мачеа да го смират „хаосот“ на трибините (ВИДЕО)

Црвена Звезда триумфираше против Партизан во Ниш со 83-75 и се пласираше во финалето на Купот „Радивоје Кораќ“ во Србија.

Двата тима одиграа феноменален меч со максимални возбудувања. Партизан имаше предност и од 18 поени, но Црвена Звезда со неверојатен пресврт успеа да дојде до победата. Сепак, дуелот го одбележаа и бројните навивачки инциденти поради кои судиите во неколку наврати го прекинуваа натпреварот, а на крајот мораше да интервенираат и самите кошаркари.

Капитените на двата тима, Бранко Лазиќ и Данило Анџушиќ во еден момент мораше да ги повикаат навивачите да се смират за да натпреварот може да се заврши. Судиите беа подготвени и целосно да го прекинат ако на теренот се „случеше“ уште еден предмет.

Се вчитува...