Канадскиот кошаркар Кори Џозеф наскоро би можел да заигра во Евролигата. Џозеф, кој зад себе има 15 сезони во НБА во навистина богата кариера, би можел ова лето да заврши во Белград.
Според Матео Андреани, Партизан и Црвена Звезда се во сериозна меѓусебна битка за Кори Џозеф. И двата тима веќе разговараа со неговиот агент за преселба во Белград.
Се наведува дека покрај интересот на Партизан и Звезда, Кори Џозеф го следат и Фенербахче и Олимпијакос и дека битката ќе се води до последен момент.
Џозеф е поранешен студент на Универзитетот во Тексас и студент на познатиот тренер Рик Барнс (кој ги тренираше и Кевин Пантер и Кевин Дурант, меѓу другите) и беше 29-ти избор на НБА драфтот во 2011 година. Потоа беше избран од Сан Антонио, каде што остана до 2015 година кога се пресели во Торонто, а играше и за Индијана, Сакраменто, Детроит, Голден Стејт и минатата сезона за Орландо Меџик.
Тој беше шампион на НБА со Спарс во 2014 година, кога ги победија Мајами Хит по шест натпревари во серијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

