Партизан и Црвена Звезда ги оправдаа фаворитските улоги во 7. коло од АБА лигата и забележаа нови триумфи. „Црно-белите“ славеа со преубедливи 64-91 на гостувањето кај ФМП во натпревар во кој имаа потполна контрола од самиот почеток до крај, додека „црвено-белите“ успеаја да ја прокоцкаат двоцифрената предност стекната на крајот на третата четвртина, но на крајот забележаа триумф од 92-86 против Цедевита Олимпија.
Партизан останува лидер на табелата со перфектен скор од 7-0, додека по овој триумф Црвена Звезда е единствената со скор 5-2 на четвртата позиција. Меѓу белградските евролигаши се најдоа Будуќност и Дубаи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА