Српските кошаркарски гиганти Партизан и Црвена Звезда имаат опција и следната сезона да бидат дел од најелитното европско кошаркарско првенство Евролигата, пренесуваат српските медиуми.
Но, за тоа да се случи потребно е српските клубови да платат вајлд карта во вредност од еден милиони евра. Три четвртини од оваа сума ќе биде за лиценсирање, а една четвртина за трошоци за судии.
Дел од Евролигата престојната сезона се очекува да биде и Париз за кој настапува и македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс. Францускиот клуб влегува во елитното првенство како шампион на Еврокупот што значи дека еден од следните три тимови – Валенсија, Виртус Болоња или Алба нема да бидат дел од шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА