Партизан и Жељко Обрадовиќ – една фотографија кажува се…

Партизан не ја почна сезоната во Евролигата како што посакуваше, па веднаш се појавија шпекулации околу иднината на Жељко Обрадовиќ, кој доби зелено светло за да направи целосен ремонт во екипата во текот на летото, но засега не ги носи резултатите што се очекуваат во елитното европско натпреварување.

Трофејниот стручњак важи за „алфа и омега“ во клубот, ја има поддршката на навивачите, а зад него целосно застана и управата, па на официјалните страници на социјалните мрежи на Партизан беше објавена фотографија од Обрадовиќ пред трибината, каде е развиоерен транспарент, „Жељко Обрадовиќ, еден е од нас“.

Пораката е јасна, тој ја има апсолутната доверба на раководството, а сите во таборот на „црно-белите“ се надеваат дека тимот наскоро ќе се разбуди и ќе влезе во победничка серија…

Се вчитува...