Партизан има голем проблем со Џонс: Вели дека е повреден, но …

Партизан се соочува со нов огромен проблем откако центарот Тајрик Џонс се пожали на повреда на мускулот поради која не отпатува со тимот за денешното гостување против Жалгирис.

Сепак, во српската јавност се сомневаат дека Американецот воопшто е повреден откако деталните лекарски прегледи направени во текот на вчерашниот ден не покажале никаков проблем во делот од мускулот каде Тајрик се жалел на болка. Српските медиуми објавија дека центарот најпрвин доцнел два часа за лекарскиот преглед, а потоа и кога му било кажано дека нема доказ за повредата продолжил со расправа – цврст на ставот дека не треба да игра против Жалгирис.

Џонс имаше сличен потег и пред мечот со Асвел во Франција, кога отпатува со тимот, а потоа еден час пред мечот му соопштил на стручниот штаб дека не е во можност да игра. Екс-тренерот Обрадовиќ тогаш прокоментира дека не знае во што е проблемот и самиот бил шокиран кога дознал дека клучниот играч под обрачите нема да му биде на располагање.

Тогаш таа изјава на Обрадовиќ беше пренесена со огромна доза на иронија, но од денешна перспектива…. Тајрик Џонс дефинитивно станува сериозен проблем за белградскиот евролигаш.

Се вчитува...