Управата на Партизан експресно ќе го реши тренерското прашање по заминувањето на Илија Столица, а нов шеф на стручниот штаб на „црно-белите“ ќе биде Саво Милошевиќ. Во игра за функцијата биле и Алберт Наѓ и Игор Дуљај, но челниците на Партизан се решиле за Милошевиќ како стручњак кој веќе седел на клупата на овој клуб и знае како експресно да се адаптира во средината.
Саво Милошевиќ седна на клупата на Партизан пролетта во 2019 година, неколку месеци подоцна освојувајќи го трофејот во Купот на Србија. Тој успеа да го одведе Партизан до групната фаза од Лигата на Европа, каде „црно-белите“ беа во група со Манчестер Јунајтед, АЗ Алкмар и Астана, но не успеаја да се пласираат во нокаут фазата од натпреварувањето.
Тој го напушти Партизан во 2021 година, ланската сезона на чело на „црно-белите“ се наоѓаше Александар Станојевиќ, а откако Столица се покажа како тотално промашување, Милошевиќ сега се враќа назад на чело на омилениот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА