Серијата одлични игри на Партизан во Евролигата продолжи со уште еден триумф, овојпат на домашен терен над тимот на Басконија со убедливи 86-73. Дуелот во Белград донесе големи падови и на двата тима, откако „црно-белите“ први направија серија, успевајќи да се одлепат во првото полувреме и да поведат и со огромни 25 поени предност.
Вториот дел донесе огромен пад во играта на Партизан, нешто што Басконија знаеше како да го искористи за да се врати во мечот. Хауард погоди неколку тројки и ја спушти разликата под десет, но клучна беше поагресивната одбрана што ја постави тренерот Ласо, со која гостите од Шпанија го принудија Партизан на бројни загубени топки. Во последната четвртина разлика се спушти на пет поени, но Мајк постигна клучна тројка, потоа одговорноста ја презеде Карлис Џонс и српскиот гигант на крајот славеше со конечни „плус 13“.
Карлик со 21 поен и 6 асистенции беше клучна фигура во победничкиот тим, Стерлинг Браун имаше 19 поени (15 од нив во првото полувреме), додека најефикасен кај Басконија беше Луваву Кабаро со 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА