Партизан не ја криеше желбата летово да го врати во своите редови Владимир Лучиќ, со што крилниот центар би ја завршил кариерата токму во белградските „црно-бели“.
Сепак, последните информации говорат дека Партизан ќе остане со празни раце во оваа трка откако Баерн Минхен направил значаен чекор напред во обидот да го задржи Србинот во своите редови. Имено, Баерн му понудил на ветеранот нов двогодишен договор под значително подобри услови во однос на понудата на Партизан, па преговорите се во завршна фаза и се очекува Лучиќ најдоцна до крајот на овој месец да потпише нов договор со баварскиот гигант.
Владимир Лучиќ ги брани боите на Баерн уште од 2016 година, во меѓувреме беше промовиран и во капитен на баварскиот гигант. Тој има три титули првак на Германија и четири трофеи во Купот на Германија со баварскиот гигант, а се очекува со потписот на новиот договор 35-годишниот Србин да остане во Баерн до крајот на кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

