Кошаркарскиот клуб Партизан итно бара замена за Тајрик Џонс, но се соочи со првите проблеми. Барем така тврди Олгун Улуч, новинар на „ESPN“ од Австралија, кој известуваше за интересот на црно-белите за Нико Ракочевиќ.
Како што објави Улуч, Партизан контактирал со Аделаида, сегашниот клуб на Ракочевиќ, за да дознае која е клаузулата за купување на 28-годишникот од Илиноис. На почетокот биле одбиени, бидејќи клубот немал намера да го продаде, а самиот играч изразил желба да остане и потенцијално да ја освои титулата во НБЛ лигата.
Станува збор за американско-српски кошаркар кој ја претставувал Србија во 2017 година на Европското првенство за играчи до 20 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

