Олимпијакос е во потрага по нов плејмејкер пред стартот на Евролигашката сезона, грчкиот гигант ги договори личните услови со Френк Нликина, но допрва следи потешкиот дел од задачата – да се најде заеднички јазик со Партизан.
Францускиот плејмејкер имаше слаба дебитантска сезона во Партизан, но српскиот клуб сепак реши да го задржи во своите редови. „Црно-белите“ не гледаат на Нликина како на клучен играч и би дале зелено светло за негово заминување, но само доколку добијат соодветна отштета.
Српските медиуми информираат дека шампионот на АБА веќе испратил порака до Олимпијакос – цената за Нликина изнесува 300.000 евра, а Олимпијакос има до крајот на оваа седмица да донесе конечна одлука. Новата евролигашка сезона стартува следниот вторник, кога Партизан ќе ја затвори вратата за заминувања на играчи од актуелниот ростер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

