Тајрик Џонс ќе биде првиот што ќе си замине од Партизан како дел од големата „чистка“ кај АБА-шампионот. Американскиот центар игра далеку под своите можности, посочен е за еден од главните виновници за заминувањето на тренерот Жељко Обрадовиќ, а по последниот меч во Евролигата влезе и во конфликт со навивачите на белгрдскиот клуб.
Олимпијакос покажува сериозен интерес, но грчкиот гигант се уште нема испратено официјална понуда. Партизан во меѓувреме ја одреди цената за Тајрик – во висина од 200.000 евра што новиот клуб ќе треба да ја плати за да го доведе центарот во своите редови.
На потег се „црвено-белите“ од Атина, кои ќе мора што поскоро да реагираат ако се знае дека во трката се вклучи и Дубаи, но и дека преодниот рок за нови засилувања во Евролигата завршува на 5 јануари.
Партизан веќе го има избрано и новиот центар, станува збор за Крис Силва од АЕК, но „црно-белите“ чекаат најпрвин да се ослободат од Џонс за да можат да го доведат овој кошаркар во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

